„Скокни Висар, скокни“, викал таткото на синот во запалениот автобус, но неговиот син исчезнал во пламенот

242

Еден од преживеаните во вчерашната несреќа е Орхан Алити. Тој заедно со српскиот државјанин Љуљзим Сулејмани го скршиле задното стакло и им помогнале на останатите шест лица да си го спасат животот, пишува Би-Би-Си, пренесува Днес.бг.

Набргу по фаталната несреќа, Орхан и се јавил на неговата сопругата која живее во Белгија.

Алити пријавил дека автобусот се запалил, додека самиот со голема мака успеал да ги скрши задните стакла на автобусот и да излезе надвор, изјави за Тетовa1 неговиот брат Самет Алити.

Откако скокнал на земја, Орхан си ја скршил едната нога. Неговиот син Висар се уште бил во автобусот. Тој почнал да му вика „Скокни, Висар, скокни“. За жал, момчето исчезнало во пламенот.

Состојбата на Орхан сега е стабилна. Тој се уште не знае дека меѓу жртвите е и неговиот син Висар, вели неговиот брат.

Приказната на Орхан открива уште еден детал – во моментот кога тој излегол од запалениот автобус, за малку ќе го однел автомобил кој минувал на автопатот, кој не застанал и покрај очигледната трагедија што се случувала во тој момент.

Трагедијата ја преживеала и 16-годишната Зулејха. Нејзиниот татко Аднан Јашаровски изјави за Би-Би-Си дека неговата ќерка се јавила да му каже дека ја преживеала бруталната несреќа. Сега тој е во Софија за да ја посети неговата ќерка во болницата.

Плачеше. Само рацете и се изгорени, но инаку е добро. Не кажа многу, плачеше и беше во шок, изјави тој во болницата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.