Летна школа за архитектура во „Св.Јоаким Осоговски“

Летна школа за архитектура во „Св.Јоаким Осоговски“

Дваесет и четврта сесија на меѓународната Летна школа за архитектура ќе се оддржува од денес до 12.јули во манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ крај Крива Паланка.

Школата е во организација на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Изблик на чиста архитектура во планините“ e темата на годинашната сесија на школата. Со сесијата ќе раководи доц. д-р Слободан Велевски, а гостин тутор е архитектот Питер Вилсон.

Во работата на Школата учествуваат студенти од земјава и странство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.