Сколари си ја доби заслужената клоца

Само што заврши јубилејното 20. Светско првенство, челниците на Фудбалската федерација на Бразил преку официјално соопштение потврдија дека под итно ја прекинуваат соработката со искусниот селектор, Луис Филипе Сколари.

Како за најверните фанови, така и за раководните лица во Фудбалската федерација, Луис Филипе Сколари е најголем виновник за нереализираната цел, освојување на светската титула на домашен терен.

Критиките кон Сколари добија на интензитет после срамниот пораз во полуфиналниот дуел против сега веќе новиот светски шампион, репрезентацијата на Германија, а кулминираа откако Бразил доживеа уште еден срамен пораз од Холандија во натпреварот за третото место.

И покрај јавното жигосување, Сколари постојано повторуваше дека нема да поднесе оставка и дека резултатите се на неговата страна.