Скопјанец агресивен кон полициски службеници во полициски час

Ноќта во вторникот околу 3 часот, полициски службеници од Полициската станица Петровец во населбата Илинден го лишиле од слобода 30-годишниот С.С. од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејства.

Исто така, тој постапил и спротивно на член 206 од Кривичниот законик и не ги почитувал донесените мерки за забрана за движење по 21 часот.

По целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.