Скопјанец истепан во казино, пред полицијата станал агресивен

86

На 02.02.2020 во 22:30 часот во СВР Скопје, С.М.(20) од Скопје пријавил дека околу 21:30 часот во казино на ул.„Ангел Динев“ во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од две лица.

На местото на настанот излегле полициски службеници од Полициска станица Карпош, по што С.М. почнал да се однесува агресивно кон полициските службеници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.