Скопјанец измамен од лажен полицаец за прикривање наводна сообраќајка

Повозрасен жител на Скопје во четвртокот пријавил дека непознато лице претходно претладнето му се јавило телефонски претставувајќи се како полициски службеник и барајќи поткуп за да прикрие наводна сообраќајна несреќа во кој учествувала ќерката на скопјанецот

На 13.02.2020 во 16:30 часот во СВР Скопје, 68-годишниот Б.М. од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице.

Според пријавеното, околу 10:55 часот на телефон му се јавило лицето и му соопштило дека неговата ќерка учествувала во сообраќајна незгода, по што друго лице се претставило како полициски службеник и побарало пари за да се прикрие случајот.

Исто така, според пријавеното, тој се согласил на тоа и во 12:44 часот пред неговата куќа му предал пари на лицето.

Во 15:50 часот Б.М., откако контактирал со неговата ќерка, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.