Скопјанец користел фалсификувана банкнота од 500 евра

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Д.Л.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари” по член 268 Кривичниот законик.
Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 500 евра и на 26.11.2021 ја употребил при купување на продукти во продажен објект во Скопје. По преземени мерки и извршено вештачење било утврдено дека банкнотата е фалсификувана, соопштија од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.