Скопјанец си ја запалил куќата која изгорела до темел, а пожарот зафатил и друга куќа и дуќан

На 13.10.2022 околу 23.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари го лишиле од слобода Б.И. од Скопје, затоа што предизвикал пожар во неговата куќа на ул.„Индира Ганди“, која целосно изгорела.

Од пожарот делумно бил зафатен и дел од куќа и дуќан, сопственост на Р.М. од Скопје.

Б.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.