Скопјанец совладан од жена при разбојништво

Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишниот С.Љ. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 24-ти април улицата  „28 Април“ во Скопје, пријавениот со нож влегол во домот на оштетената М.В.

Таа успеала да го совлада,  во што ѝ помогнал и нејзиниот сосед, по што повикала полиција.