Скопјанец удрил во бандера, повредени и тој и сопатникот

Две лица се повредени во сообраќајната незгода што се случи вчера околу 11 часот на бул.„Словенија“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, управувајќи патничко возило „рено твинго“ со скопски регистарски ознаки, А.Н.(28) од Скопје изгубил контрола и удрил во бандера. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот Ф.Д.(21) од Скопје со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.