5.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Скопјанец во домот на мајка си насадил 29  стебла од канабис

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекусори,, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 45-годишниот О.З. од Скопје.

Нему му е одредена мерка притвор од 30 дена.

При претрес извршен на на 4-ти септември годинава во куќа, сопственост на неговата мајка, во селото Долно Мелничани во општина Центар Жупа, полициските службеници пронајдоа насади со 24 стебла од растението канабис како и пет стебла насадени во пластични саксии.