Скопјани ќе почекаат за реализација на ветеното ново средно училиште во Аеродром

На денешната седница во Советот на Град Скопје, советниците од редот на ВМРО-ДПМНЕ Анета Стојановска-Стефанова и Ирена Мишева, побараа да се предвидат средства во Буџетот за 2020 година за отпочнување со прва фаза од реализација на ветениот проект пред граѓаните од страна на градската управа на СДСМ, наречен изградба на ново средно училиште Гимназија „Кузман Јосифовски Питу“ во општината Аеродром.

Целта на овој проект е да почне да се гради ново средно училиште по европски стандарди со што ќе се растовари концентрацијата на средношколците во постојните гимназии и ќе се излезе во пресрет на учениците за повисоки стандарди на условите во образовните установи. Советниците од СДСМ, иако знаеја дека овој проект им е изборно ветување пред граѓаните, не го поддржаа предлогот на советничките, па изградбата на новата гимназија во општина Аеродром за скопјани и во наредната буџетска 2020 година ќе остане само идеја на хартија.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.