Скопјани оставени на милост и немилост на комарците

Опизициската BМРО-ДПМНЕ го обвини во вторникот градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, дека жителите на главниот град ги оставил на милост и немилост на комарците среде лето.

„Шилегов капитулираше пред комарците, а не пак да решава инфраструктурни проблеми на граѓаните на Скопје. Обично прскање се претвори во епска битка против злосторничките комарци што само ја покажува еклантната неспособност, неработа и популизам на Шилегов. Не е за чудо интервентното прскање против комарци да се претвори во вносен бизнис на структури на власта како и се друго. Тоа што прво се создава проблем, а дури потоа се решава откако ќе се загрози здравјето на скопјани покажува дека Скопје има неспособен градоначалник. Комарците сределето  се изненадување за Шилегов што само покажува дека не ја сработил домашната задача,  стои во реакцијата на советничката група од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во градот.

Изминатие денови скопските градски власти се правдааt дека годинава „дошло до поголемо размножување на комарците поради изразената влага во вегетацијата“.

Град Скопје има договор со две компании за прскање против комарци во вкупен износ од 67 милиони денари, и оваа сезона тие како што беше известено прскале четири пати. Меѓутоа, очигледно е дека ефекти од тоа нема а скопјани и натаму се жалат дека ситуацијата е неподнослива особено навечер, бидејќи има наезда од овие агресивни инсекти.

Ново вонредно прскање е закажано за среда, една седмица по последното авионско прскање, спроведено предминатиот викенд, а од понеделникот до петокот минатата седмица според Град Скопје се вршело ткн прскање од земја.

Меѓутоа, комарците и натаму безмилосно напаѓаат, а и годинава, како и изминатите, во коментарите на социјалните мрежи се разви ироничната дебата за „бесшумните авиони“ кои никој не може да ги види и слушне кога прскаат. Од Град Скопје,  пак, уверуваат дека го користат најдобриот светски препарат производство на германската фирма „Баер“.