Скопјани приведени за закани кон цело семејство

Во вторникот во 23.40 часот на улицата „Македонско–косовска бригада“ во скопски Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 34-годишниот С.Х.и 32-годишниот С.Н., двајцата од Скопје, поради сомнение дека околу 18,30 часот, заедно со А.Ш. и уште едно лице, во дворот на 46-годишниот Ш.М. на истата улица , со огнено оружје упатиле закани кон него и неговото семејство.

По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.