Скопјани во локал нападнале полицајци

Двајца скопјани уапсени рано утрово во угостителски објект откако нападнале полицајци па завршиле со лисици на рацете.

Ноќта кон саботата, околу 02.20 часот, пред угостителски објект на улицата „Бранко Заревски“ во населба Драчево – Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода 48-годишниот С.А. и една година повозрасниот Г.В., и двајцата од Скопје, поради физички напад и спречување на полициските службеници при преземање на службени дејствија.

Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Драчево и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветени поднесоци.