Скопјанка исчезната пред четири дена пронајдена мртва

Четири дена откако започна потрагата по 75-годишната Стојанка Ѓоргиева од Скопје, жена која боледувала од Алцхајмер и била без слух, во четвртокот била пронајдена мртва, пренесе Фокус.

Нејзината ќерка за Фокус ден претходно изјави дека во текот на средата била видена од еден овчар со кого и разговарала.

Вчера се пребаруваше рид во близина на Орланци каде бил пронајден и дел од облеката на Стојанка.