Скопјанка касната од куче скитник

Скопјанка била вчера касната од куче скитник во населбата „Аеродром“

„Вчера во 14:30 часот во полициската станица Аеродром, П.Ф.(56) од Скопје пријавила дека во вторникот околу 15:30 часот на бул.„Јане Сандански“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница“, информираат од МВР.