Скопјанка кој со нож си го прободе сопругот, заврши во психијатриска болница

Скопјанка со нож го прободела сопругот додека се расправале во нивниот дом.

Во 17,50 часот вчера во СВР Скопје, на улица „Христо Татарчев“ била приведена 43-годишната В.К. која при семејна расправија со нож му нанела убодна рана на нејзиниот сопруг, 43-годишниот М.К. од Скопје.

Од лекар на М.К. му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.

В.К. е пренесена во психијатриска болница.

Се работи на расчистување на случајот.