ВИДЕО| Скопјанка му плесна на Таче: Со 2 денари од макарони и денар од јајца 99 денари, не можеме лекарства да си купиме!

Повеќе граѓани денеска му пристапија на премиерот Димитар Ковачевски, кој заедно со министерот за економија Крешник Бектеши повторно беше во обиколка на маркет. Меѓу останатите, камерите на новинарите ја снимија и скопјанката која искрено му се пожали дека животот што дојде – е тежок.

„Цениве се до плафон. Со два денара поевтини макарони и денар на јајца, тоа не е мерка, дојде тежок живот, не можеме да купиме ни лекарства со тие пари. Кој може да преживее со 12.000 пензија, ве молам“, му се обрати една пензионерка на Ковачевски.

Затекнат од ситуацијата во која жената се појави пред него со празна корпа, Ковачевски ја оправда скапотијата со војната во Украина и го искористи моментот да се пофали што неговата Влада направила досега за граѓаните.

Ковачевски денеска по третпат во рок од неколку дена влезе во продавница да испазари, но и за да утврди дали се почитува владината мерка за замрзнување на цените на одредени продукти.

Овојпат тој се одлучи за маркетот „Кит-го“ во скопската населба Тафталиџе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.