Скопјанка тешко повредена по излетување од коловозот во штипско

Во текот на вчерашниот ден на автопатот Штип- Скопје, автомобил управуван од 38- годишна жена удрил во металната ограда, откако изгубила контрола над автомобилот, а при тоа била повредена сопатичката.

„На 27.09.2019 во 14,50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Штип во близина на надвозник за исклучок Кочани М.В.(38) од Скопје управувајќи патничко моторно возило “oпел aнтара“ со скопски регистарски ознаки изгубила контрола над истото и удрила во метална заштитна ограда. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.В.(30) од Скопје која била пренесена во клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош“ се вели во соопштение од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.