Скопјанка тешко повредена на работа, итно пренесена на Клиника

Вчера во 13.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди била донесена Т.П.(64) од Скопје.

Според пријавеното, таа се здобила со повреди при извршување работни задачи во фирма на подрачје на Кисела Вода.

Од полициски службеници од СВР Скопје бил известен Трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.