Скопјанка заврши во болница откако пукнала плинска боца приклучена со греалка во нејзиниот дом

Скопјанка заврши во болница откако пукнала плинска боца во нејзиниот дом во населбата Гоце Делечев. Плинската боца била приклучена со греалка.

„Скопјанката Х.С.(45) вчера попладне пријавила дека околу 16.40 часот во нејзиниот дом во населбата Гоце Делчев пукнала плинска боца која била приклучена со греалка“, информираат од МВР.

Таа се здобила со изгореници, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.