Скопје без струја во Тафталиџе – трафостаницата на МЕПСО – Скопје 3 во дефект

Корисниците на електрична енергија од трафостаницата Скопје 3, односно наслебата Тафталиџе во Скопје се без труја речиси еден час, а целата населба се најде во хаос и сообраќаен метеж.

Од МЕПСО ни рекоа дека испитуваат каде настанал прекинот на струја и оти ова повеќе е проблем на дистрибутивната мрежа.

Од ЕВН велат дека нивниот далекувод не е расипан.

„Во моментов нема претовар, 110 киловатниот далекувод не е во дефект, туку не добива електрична енергија од трафостаницата Скопје 3 во сопстевност на МЕПСО. Едноставно, ЕВН не добива напојување. За да не бидат корисниците без електрична енергија ЕВН ги префрли на други напојни точки, за да не бидат корисницте подлого време без струја“, изјави портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.