Скопје блокирано поради предизборната шминка на Шилегов

Скопјани повеќе од јасно е дека нема повторно да му ја дадат довербата на Петре Шилегов, а на тој факт укажуваат револтот и незадоволството кои ги има кај граѓаните. Наместо во деновите кога граѓаните беа во карантин и градот беше празен да се асфалтираат улици или да се превземаат било какви зафати, Петре Шилегов реши да ги заглавува секојдневно скопјани и предизборно да замачкува очи на граѓаните.

Иако имаше идеални денови кога можеше да се работи низ градот, а при тоа граѓаните да не почувствуваат тензија и метеж, Шилегов реши да бележи улици, да крпи дупки и да се расфрла со механизација низ градот, токму кога граѓаните си одат од работните места и патуваат од еден до друг крај на градот, велат револтираните граѓани.

Граѓаните велат дека не е во ред три години да не се работи ништо, а штом се наближуваат локални избори да се раскопуваат улици, да се блокираат крстосници и да се патува од еден до друг крај на градот по час или час и половина. Градоначалникот е должен да се справува со секојдневните проблеми во градот во целиот мандат, а не само пред избори кога треба повторно да се додворува за нов мандат, кој повеќе од очигледно е дека нема да го добие, затоа што Скопје стагнира повеќе од било кога.

Град Скопје претставуваше синоним за работа, проекти, отварање нови објекти и секојдневна интеракција со граѓаните. Додека сега, Град Скопје функционира само кога треба да се реализира проект кој е од полза на Зоран Заев, односно да се наполнат медиумите прикажувајќи работа на терен, додека пак реалната слика е далеку од таква и скопјани секојдневно се соочуваат со бројни инфраструктурни проблеми.