Скопје домаќин на Светското ракометно првенство за јуниорки

Светското јуниорско првенство во женска конкуренција ќе се одржи ова лето во Скопје, одлучи во четвртокот Меѓународната ракометна федерација (IHF).

Завршниот турнир до 18 години во женска конкуренција требаше да го организира Грузија, но поради безбедносната состојба поврзана со војната во Украина, IHF донесе одлука да го премести Светското првенство во Македонија.

„Голема благодарност упатуваме до ИХФ за укажаната доверба“, соопштија од попладнево Ракометната федерација на Македонија.

Планирано е Светското првенство да се одржи од 30-ти јули до 10-ти август во спортските центри „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“ во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.