Скопје меѓу десет најзагадени градови во светот утрово

Загадениот воздух од синоќа ја зафати македонската метропола при што загаденоста продолжи и утринава. Според податоците на интернет страницата IQAir од 6 часот утринава Скопје е на 9-то место во светот според загаденоста на воздухот. Измерениот индекс на загаденоста е 156, а што повлекува предупредување дека воздухот е нездрав за дишење.

Препораката што се дава до граѓаните е да се носи заштитна маска, да не се спортува надвор, а во домовите да не се отвораат прозорците. Најголемо е загадување со штетните ПМ2,5 честички, со консентрација од 65,6 микрограми на кубен метар воздух. На прво место според загаденоста е Делхи, Индија со индексот 484.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.