Скопје рамо до рамо со Њу Делхи ќе се бори за титулата најзагаден град во светот!

Загадувањето на воздухот во северна Индија достигна „неподносливо ниво“, соопштија индиските власти, ви звучи познато? Доколку во првата реченица не прочитавте дека станува збор за Индија, нема да погрешите доколку сте мислеле дека станува збор за Македонија каде ситуацијата е речици идентична.

Македонија VS Индија, ќе успееме ли да го достигнеме врвот повторно?

Индија: Како што пренесува Би-Би-Си, во многу делови на индиската престолнина Њу Делхи воздухот денеска достигна опасно ниво на загадување, поради што градските власти ги советуваа жителите да останат во своите домови.

Македонија: Државава во изминатиот период во слична ситуација како и Индија, во неколку скопски општини минатата недела загаденоста достигна рекорди 204 ПМ 10 честички на метар кубен (Ѓорче Петров).

Индија: Локалните медиуми, пак, јавуваат дека над градот се забележува густ облак од смог, што е причина за затворање на голем број училишта. Исто така, прекинати се бројни градежни работи, а околу 30 авионски летови се пренасочени.

Македонија: Минатата недела на социјалните мрежи се појави фотографија каде над Скопје се забележува густ облак од смог, но во нашиот град не се затворија училиштата иако бевме на врвот на листата на најзагадени градови во Европа. Градежните работи течат без никаков проблем и контрола од страна на властите. За среќа се уште нема пренасочување на авионите…

Индија: Властите ги советуваат жителите на главниот град да носат заштитни маски, да не ги отвораат прозорците и да избегнуваат физички активности надвор од своите домови.

Македонија: ВЛАСТИТЕ мува не ги лази во Македонија, па наместо советување на жителите, тие едноставно го игнорираат овој проблем. т.е најавија намалување загаденоста која ќе ја вршат со полициски контроли…

Индија: Како мерка за заштита од загадувањето тие започнаа со ограничување на возењето според парни и непарни броеви на регистарските таблички на возилата.

Македонија: Власта секоја година го ветува ограничувањето на возењето според парни и непарни броеви на регистарските таблички на возилата, но засега тоа се уште се нема случено.

Индија: Властите велат дека речиси 1,2 милиони регистрирани возила во Њу Делхи ќе бидат исклучени од сообраќај дневно, во текот на двенеделното ограничување.

Македонија: Наместо забранување на возила, градот Скопје лани само ги покачи цените на зонското паркирање како мерка за намалување на загадувањето, но и бесплатен превоз кој секогаш траеше во рок од еден ден.

Индија: Њу Делхи е еден од најзагадените градови во светот, а властите веќе прогласија вонредна состојба.

Македонија: Скопје на 30 октомври беше меѓу  најзагадените градови во Европа, додека неколку дена подоцна Македонија беше во топ 10 најзагадени држави во светот…

Ќе успееме ли оваа зима да ги надминеме Њу Делхи и Индија и да бидеме први во светот барем во една работа… останува да видиме.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.