Скопје утрово во петте најзагадени градови во светот

Во текот на изминатата ноќ и утринава, Скопје се „гушеше“ во загаден воздух. Според сајтот World Air Quality Index, кој врши мерења низ целиот свет, нашиот главен град беше во топ 5 најзагадени градови на планетата.

Околу 2 часот, Скопје беше на третата позиција, а утринава падна за две места, и се најде на петтата позиција.