Скопјанец дибил смс дека е киднапиран неговиот син

Четириесет и осумгодишен скопјанец во вторникот вечерта синоќа добил смс порака од непознат телефонски број дека неговиот 14-годишен син бил грабнат.

Случајот, како што соопшти полицијата, го пријавил во СВР околу 20 часот. Веднаш биле преземени соодветни мерки и момчето е најдено кај друг малолетник.

Малолетникот е приведен во полициска станица. Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.