Скопјанец во автомобил на пријателот сокрил 24.900 петради, кои планирал да ги продава за празниците.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера во автомобил “опел вектра“ со скопски регистарки таблички управуван од 31-годишниот К.Р., каде сопатник бил врсникот С.С. пронајдено е големо количество пиротехнички средства.
Полицијата на задното седиште и во просторот за багаж пронајде и одзема седум пакети и една црна кеса со вкупно 24.900 парчиња различни видови петарди сопственост на сопатникот С.С.