Скопјанец и кавадарчанец се степале во велешкиот суд

Во основниот суд во Велес во понеделникот дошло до физичка пресметка меѓу две странки во процес, во кој подебелиот крај го однел жител на Кавадарци.

Вчера во 13:15 часот Г.М.(35) од Кавадарци пријавил дека истиот ден околу 10:50 часот во ходникот во Основен Суд Велес бил физички нападнат од В.В. од Скопје, информираат во вторникот од Министерството за внатрешни работи.