5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Скопјанец излетал од патот, починал по удар во столб

Шеесетгодишен возач во петокот рано попладнето кај скопската населба Илинден со своето возило излетал од коловозот и притоа со возилото се забил во бетонски ѕид, по што починал на самото место.

На локалниот пат Илинден – село Ајватовци, вчера околу 14,35 часот било пријавено дека патничко моторно возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки управувано од 60-годишниот В. Д., излетало од патот и удрило во бетонски ѕид.

Возачот В.Д починал на местото на настанот.

Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.