Скопјанец ја грабнал и претепал поранешната девојка

Жител на скопското село Студеничани во вторникот доцна попладнето ја грабнал и физички ја малтерирал својата поранешна девојка која се здобила со повреди, а причина за нападот најверојатно била прекинатата љубовна врска меѓу девојката и нанаѓачот, информираше во средата Министерството за внатрешни работи.

Дваесет и петгодишната Ш.Т. вчера попладне околу 18,45 часот на локалниот пат кон населбата Драчево во близина на мостот на „Маркова река“ била пресретната од М.Р. од селото Студеничани, кој бил придужуван од уште едно лице и насила сила ја внел оштетената во неговото возило, по што се упатиле во непознат правец.

По некое време осомничениот го паркирал возилото и околу 40-ина минути физички ја малтретирал, а потоа ја оставил и си заминал, додека истата со такси возило, кое случајно наишло си заминала.

Половина час по полноќ, девојката се упатила на лекарски преглед  во Градската општа болница „8-ми Септември“, а потоа и во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде по извршените прегледи констатирани и биле телесни повреди и била пуштена на домашно лекување, информираат од полицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.