Скопјанец ја запалил куќата во која биле жена му и детето

Триесет и седумгодишниот скопјанец С.Б. доби кривична пријава бидејќи го запалил својата куќа во која се наоѓале неговата сопруга и дете.

Тој по расправија со неговата мајка во семејната куќа на ул. „Финска“ под дејство на алкохол предизвикал пожар во куќата во која се наоѓале неговата сопруга и неговата ќерка.

Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.