Скопјанец нападнат од три лица на автобуска во Чаир

58

Тројца малолетници без повод и причина вчера нападнале 20-годишен скопјанец.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера, околу 18 часот на улицата Цветан  Димов во близина на трговскиот  центар Чаирчанка бил нападнат 20-годишниот К.Б.

Додека тој се симнувал од автобусот 57-ца без повод и причина бил физички нападнат од  17-годишните А.Т. С.Б. и  Н.И., удирајќи го по телото, а потоа му го одзеле мобилниот телефон.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.