Скопјанец обвинет за убиство: Удрил со автомобил во лицата со кои се тепал, го прегазил и родениот брат

Сакајќи да ги прегази лицата со кои се тепал, млад скопјанец го прегазил и родениот брат.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 23-годишниот Д.М. од село Јурумлери  ќе одговара за убиство во обид, бидејќи со автомобил ги прегазил сопствениот брат Ј.М. и лицата со кои предходно се степал,  кои поради повредите завршиле во болница.

Полицијата соопшти дека на седми овој месец во три часот по полноќ во ноќниот клуб „Лалара“ избила тепачка меѓу пет лица, пријавениот и брат му, В.Б., Б.Ј. и уште едно непознато лице.

Додека тие се тепале, Д.М. влегол во автомобилот „форд ескорт“, сопственост на неговиот татко, го стартувал и со голема брзина, директно го насочил во правец на групата која се тепала.

Со голема сила и брзина удрил во три од четирите лица, бидејќи четвртото, непознато лице , во последен момент за малку избегало. Притоа Д.М. директно го прегазил и сопствениот брат така што прво го удрил со возилото, по што со предните тркала преминал преку него и истиот по ударот, останал под возилото. Откако ги удрил, пријавениот излегол од возилото и погледнал под него, веднаш повторно влегол во возилото и го придлижил два метри наназад за да го тргне од телото на својот брат.

Од силината на ударот и поради тежината на повредите со кои се здобиле Ј.М. и В.Б, и двајцата се задржани на болничко лекување.

Од  налетот на возилото било удрено и лицето Б.Ј. и тоа странично со послаб контакт од предниот лев дел на автомобилот  со десната нога од што кај истиот нема повреди, а при ударот  странично паднал во каналот покрај патот.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.