Скопјанец ограбил пет верски објекти

Дваесет и седумгодишниот Т.Д. од Скопје доби кривична пријава бидејќи извршил кражба во пет верски објекти.

Пријавениот, во текот на август и септември, на подрачјето на Кратово со употреба на физичка сила и подесен алат извршил тешки кражби во пет верски објекти од каде одзел 57.500 денари, а останатите три кражби ги извршил во колонијални продавници одземајќи кондиторски производи, цигари и 13.100 денари.