Скопјанец оставен претепан и во бесознание пред дискотека

Маж ноќта кон петокот е најден во бесознание во водливи повреди од физичко насилство пред една од дискотеките во скопскиот Градски парк, информираше Министерството за внатрешни работи.

Од службата за Итна медицинска помош околу еден часот по полноќ денеска во СВР Скопје било пријавено дека во близина на дискотека во Градски парк во Скопје, на улица било пронајдено лице идентификувано како 38-годишниот И.А. од Скопје, кој лежел во бесознание со повреди од претходен физички напад.

Мажот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.