Скопјанец паднал на улица и починал

Возрасен маж во понеделникот починал движејќи се по улица во Скопје, кусо откако му се слошило, информира министерството за внатрешни работи.

Во 13:28 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на улица „Карпошово Востание“ бил пронајден починат 69-годишниот П.П. од Скопје.

Според пријавеното, тој додека се движел по улицата му се слошило и паднал, а случаен минувач повикал Итна медицинска помош, која само констатирала смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.