Скопјанец прободен во белодробно крило

крило

Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје вчера околу 21:30 часот донесен Д.С. (37) од Скопје кој од страна на непознат сторител бил прободен со остар предмет пред сопствениот дом на улицата „9 Мај“, информира МВР.

Од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда – убодна рана во пределот на левата страна во грбот и прободено белодробно крило и бил задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.