Скопјанец пронајден мртов на стрелиштето Камник

Едно починато лице кое имало повреди од пиштол било пронајдено на стрелиштето Камник, соопшти денеска МВР.

Околу 18:50 часот вчера од итната медицинска помош било пријавено дека на стрелиште Камник бил пронајден починат А.М.(31) од Скопје од огнено оружје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавното обвинителство и увидна екипа на СВР-Скопје. Од местото на настанот бил подигнат пиштолот и е даден на вештачење.

По наредба на обвинителството телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.

Се работи на целосно расчистување на случајот.