Скопјанец сакал да замени греач на шпорет, починал од струен удар

Четириесет и двегодишен маж го загубил животот во саботата откако претрпел струен удар при обид да замени греач на електричен шпорет, информираше Министерствот за надворешни работи.

Трагедијата се случлила вчера, а околу 12, часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „5“ во селото Визбегово, лицето идентификувано со иницијалите Д.П. при обид да смени греач на електричен шпорет во кујната, починал од струен удар.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.