Скопјанец сакал со 500 денари да поткупи полицаец

Млад скопјанец си заработи кривична пријава откако со 500 денари се обидел да поткупи полицец да не му пише казна за сторен сообраќајен прекршок.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 25-годишниот М.Ф. од Скопје на 19 овој месец се обидел да подмити полицаец.

Додека полициски службеник заедно со двајца приправници извршувале службени дејствија, околу 18.30 часот, на раскрсницата на улиците  „Христо Татарчев“ и „Божидар Аџија“ пред „Шпаркасе банка“,запреле автомобил „Фолксваген Голф“ заради сторен сообраќаен прекршок.

Притоа, од пријавениот Ф.М. биле побарани потребните документи и откако му ги дал на полицискиот службеник му кажал дека возилото е со истечена важност на сообраќајна дозвола. По проверката во документите полицискиот службеник утврдил дека навистина сообраќајната дозвола е со истечена важност, по што Ф.М. извадил 500 денари и му ги понудил за да не му пишува казна.

Со спогодба Ф.М. е осуден на една година затвор, условно за три години. и му е издаден платен налог во висина од 500 евра, во денарска противвредност.