Скопјанец загина во сообраќајка во Маџари

Скопјанец загина во судир на автомобили, утрово во населбата Маџари, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 8.15 часот на улицата Благоја Стефковски.

Тогаш автомобил „форд“, сопственост на фирма од  Колешино, а управуван од М.Г.(35) од Скопје се судрил со автомобил „фиат“ што го управувал В.М.(58) скопско Трубарево. Во судирот В.М. починал на самото место.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.