Скопјанец збеснал кога полицаец му пишал казна

Дваесет и петгодишен скопјанец збеснал бидејќи полицаец решил да го казни за сторен прекршок во сообраќајот.

Полицијата  утринава, на улицата „Јужен Булевар“ сопрела автомобил „голф“ со скопски таблички, зад чиј волан бил 25 годишниот Н.П. Полицаецот утврдил дека скопјанецот направил прекршок и решил да го казни, но Н.П. и неговиот 24 годишен другар П.С. збеснале и почнале да го навредуваат и да му се закануваат. Полицаецот ги предупредил да престанат со навредите, но тие продолжиле се додека не биле приведени во полициска станица.