Скопјани денеска на протест за чист воздух

Граѓаните во главниот град кои деновиве се гушеа од загадениот воздух ќе излезат на протест за чист воздух.

Пред Влада во 12 часот ќе се протестира мирно и ќе се искаже револтот бидејќи здравјето на жителите во загадените градови посебно во метрополата не се главен приоритет на надлежните кои имаа многу предизборни ветувања токму за оваа тема.