Скопјани и гостиварец останаа без накитот и парите, три кражби тешки по илјадници евра

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера бил ограбен домот на 63-годишниот Л.Д. од Скопје. Арамијата успеал преку прозорецот од бањата да влезе во станот лоциран на улица Востаничка во скопската населба Црниче.  Арамијата од домот на скопјанецот украл разновиден златен накит во вредност од околу 6.500 евра.

Од домот на 42-годишниот Љ.Љ. на улица Цветан Димов во скопски Чаир арамија украл 5.000 евра и златен накит вреден 1.000 евра. Арамијата ноќта меѓу неделата и понеделникот со погоден предмет успеал да влезе во куќата и да ги собере вредните работи.

МВР соопшти дека арамија направил штета од над 6.000 евра откако провалил во домот на 45-годишниот Д.И. на улицата ЈНА во Гостивар. Арамијата влегол во куќата од каде украл пари и златен накит откако со алат успеал да го отвори прозорецот од балконот.

Полицијата работи на откривање на сторителите кои бесрамно крадат.