Скопјани нападнале полицајци во Куманово

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против скопјаните Н.А.(47) и С.Ј.(34), за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Како што соопштуваат од МВР, во саботата на ул. „11-ти Октомври“ во Куманово, полициски службеници при преземање службени дејствија за нарушен јавен ред и мир, биле спречени и физички нападнати од пријавените.

Од страна на судија во претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.