Скопјани ограбиле Пакистанци

Маскирани разбојници претепале мајка и ќерка во Опила

Петмина скопјани, на возраст од 22 до 33 години, се пријавени за насилен грабеж извршен врз двајца жители на Пакистан кои ги оштетиле за вкупно 75 илајди денари, информираше во четвртокот Министерството за внатрешни работи.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.В.(27), К.М.(24), А.Ј.(31), Н.М.(33) и И.М.(22), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Тие на 28-ми јуни годинава во село Трубарево, скопско, извршиле разбојништво над Ј.У.Д.(23) и M.Ј.(25), двајцата од Пакистан, при што им одзеле околу 920 евра, мобилен телефон, два ранци и лични документи.