Скопјани седете си дома, загадено е, а и ќе ве „изедат“ кучиња

Скопје е меѓу шесте најзагадени градови во светот, кучиња скитници секојдневно напаѓаат  низ македонската метропола, а во предизборната програма на политичарите јасно пишуваше „живот за сите во Скопје“, „град без смог“, „чиста енергија – чиста средина“, „Скопје – функционален град“, „хумано решение за проблемот со бездомните кучиња“.

И по една година, се’ уште воздухот е загаден, а резултат од тоа се преполни амбуланти и болници со деца.
Скопје утрово, но и изминатите неколку дена постојано беше меѓу десетте најзагадени светски градови,  е на 6. место во светот според нивото на загаденост на воздухот, покажува „Ер вижуал“, специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот.


На страницата рангирањето се врши според збирните податоци од мерните станици поставени во светските градови кои се соочуваат со лош квалитет на воздухот.
Нивото на ПМ10 честички во возухот е неколкупати над дозволената граница. Мерењата презентирани на оваа апликација највисоко ниво на загаденост покажуваат кај Ректорат и во Карпош.

Конретните решенија за проблемот никако некој да ги презентира, па затоа граѓаните добија само препораки од Министерството за здравство: не излегувајте надвор од дома кога е загадено, а загадаено е секој ден,  јадете овошје и зеленчук. Освен препораките министерството за здравство објасни дека не може друго да направи. Здравствените власти  ветија дека ќе набават и 50 000 маски за граѓаните со хронични заболувања, но се’ уште не се знае кога и како ќе бидат дистрибуирани.

Од невладините реагираа дека набавката на маските е добра но задоцнета мерка.

Освен тоа додаваат дека има многу недоречености во однос на тоа какви ќе бидат спецификациите на маските, нивното времетраење, дали набавката ќе биде еднократна и само за одредена категорија на граѓани.

Мерните станици во Лисиче Гази Баба и Велес со месеци не ги мерат штетните ПМ10 честички честички, но според заменик министерот за животна средина Јани Макрадули – тоа не пречи во информирањето на јавноста кога прагот е надминат. За еко активистите е несфатливо како може со месеци да не работат мерните уреди.

Покрај загадениот воздух, граѓаните, поради немањето соодветни решенија, може да добијат и препорака да не излегуваат од дома поради проблемот со бездомните кучиња. Билтените секојдневно се полни со по минимум три до четири напади од бездомни кучиња, само во изминатиот месеци има околу 100 гризнувања и напади на Скопјани од различна возраст. И за граѓаните е разбирливо дека неодговорноста на одредени сопственици е главен проблем за бројноста на бездомните кучиња, исто така разбираат и дека тоа се сепак животни и дека се гладни, но не можат да разберат зошто и покрај бројните ветувања не се превзема речиси ништо, па ги прашуваат властите дали треба да седат дома за да не бидат изложени на опасност.

– Добиваме препораки дека треба да си седиме дома поради загадениов воздух, сега фали уште да добиеме препорака и од градот да си седиме дома па нема ни кучињата да не касаат, вели еден скопјанец.

Во Македонија има само 20 000 регистрирани кучиња а се претпостаува дека ги има над 100 000, во главниот град бројката на кучиња скитници се проценува на 8 000, дали се точни шпекулациите дека во стационарот Вардариште за да заштедт пари вршеле еутаназија и кучињата добивале нехуман третман коментираат единствено здруженијата за заштита на ќивотните. Со кучињата бездомници во Скопје се занимава само Градот, ниту една општина не мрднала со прст иако имаат законски обврски, засега за да побарате оштета од општината треба да го пронајдете и покажете кучето што ве каснало.